вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 162
home Вести

Ковачки до Пендаровски: Проверете си дали некој требало да земе провизија и колку- зошто е избркана странската фирма за сервисирање на авионите за гаснење на пожари?

Ковачки до Пендаровски: Проверете си дали некој требало да земе провизија и колку- зошто е избркана странската фирма за сервисирање на авионите за гаснење на пожари?

При распишан тендер за сервисирање на авионите за гаснење на пожари, некој не дозволил да се склучи договор за сервисирање. Скапо ли му било или нешто друго е во прашање? Претседателе на “нашата земја”, проверете си дали некој требало да земе провизија и колку? Зошто е избркана странската фирма за сервисирање?, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Понатаму, за летање во ноќни и во сложени метео услови, Министерството за одбрана во периодот пред доаѓање на оваа структура на власт, имаше инвестирано околу 20-тина милиони евра во воените воздухоплови. Бројката на летала оспособени за НОЌНО летање до пред неколку години беше двоцифрена. Тие летала беа и НАТО компатибилни. Од моментот на доаѓање на оваа власт на чело со Шекеринска во МО, способноста за ноќно летање е изгубена, односно процесот на сервисирање и надградба на хеликоптерите е прекинат! Зошто? Г-дине Пендаровски и г-ѓо Шекеринска, во моментов имате воздухопловство што одговара на минатиот век. Чекајте нека изгори цела Македонија, па после ќе се дообјаснуваме…

Коронавирус