четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 139
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Ковачки: Денешните објавени снимки докажуваат дека во Република Македонија синонимот на правдата е скапан

Ковачки: Денешните објавени снимки докажуваат дека во Република Македонија синонимот на правдата е скапан

Денешните објавени снимени материјали во кои се посочува на директна замешаност на највисоките структури на власта во изнуда односно рекетирање од 6 милиони евра уште еднаш докажуваат дека во Република Македонија синонимот на правдата е скапан, реагира кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Фејсбук стстус на Драган Ковачки:

Денешните објавени снимени материјали во кои се посочува на директна замешаност на највисоките структури на власта во изнуда односно рекетирање од 6 милиони евра уште еднаш докажуваат дека во Република Македонија синонимот на правдата е скапан.

Обвинителката Русковска вели дека ги имала во предвид овие снимки во текот на судењето.

Само неколку логични прашања до обвинителката:
Во кое својство г-динот Димишков преговара/договара и со кое лице или лица тој ќе разговарал за да ја намали сумата од 6 милиони евра?
Кој е тој што забегал со побарувањето?
Дали и што превземала обвинителката во врска со тоа?
Значи не е прашањето дали, туку кого штити обвинителката.

Простете ми, но скапан е системот на обвинителство, скапан е судскиот систем, скапана е правдата!

Дали е време за обвинителката Русковска да биде повикана на информативен разговор?

Коронавирус