четврток, 26. мај 2022. Вести денес: 30
home Вести

„Ковачевски застана во одбрана на примитивизмот на Талат, во која земја власта им ги пцуе мајките на вработените во администрацијата“?

„Ковачевски застана во одбрана на примитивизмот на Талат, во која земја власта им ги пцуе мајките на вработените во администрацијата“?

СДСМ и ДУИ секој ден покажуваат дека не го почитуваат Собранието, а деспотот од Форино, Талат Џафери оди и чекор понатака, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста беше сведок на примитивизмот на Џафери, на неговиот однос,  навредите и пцовките кон вработените. Во која друга земја функционерите од власта им ги пцујат мајките на вработените во администрацијата? Во ниедна. Само кај нас тоа го прави власта на СДСМ и ДУИ. И наместо за таквото свое безобразие да поднесе оставка тој уште и ги обвинува тие кои ги навредувал дека не ги исклучиле микрофоните и заради тоа граѓаните ги слушнаа неговите пцовки, вулгарности и неговиот однос кон вработените во законодавниот дом. Тоа е недостојно“ – се наведува во партиското соопштение!

-Ковачевски пак уште повеќе ја навредува интелигенцијата на граѓаните, па се прави недоветен и изјавува дека не знае кон кого се обраќал! Како божем да има разлика дали Џафери пцуе пратеник, снимател, собраниски административец или било кој друг чиновник. Ваквите навреди доаѓаат од Џафери и во никој случај не може да се оправдаат, без разлика кон кого се упатени. Џафери треба да си поднесе оставка, а ако имаше грам доблест таа оставка требаше да му ја побара и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Ковачевски пропушти можност. Тој застана во одбрана и оправдување на вулгарноста и примитивизмот и затоа срамот сега е и негов срамм посочуваат од партијата.

Коронавирус