петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 141
home Вести

Ковачевски за Фокус: Ќе се кандидирам за лидер на СДСМ

Ковачевски за Фокус: Ќе се кандидирам за лидер на СДСМ

Откако СДСМ вчера ја утврди оставката на лидерот Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање, прв кој најавува кандидатура за партиски лидер е Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите.

-Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател, вели Ковачевски во изјава за Фокус.

Уште пред две недели, ФОКУС објави дека фаворит и за лидерската позиција во СДСМ и воедно за премиерската функција е токму Ковачевски, доктор на економски науки и вонреден професор на Американ Колеџ, кој во својата кариера бил на директорски позиции во Телеком и Оне Вип Македонија.

Коронавирус