четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски утревечер официјално треба да го предложи новото партиско раководство

Ковачевски утревечер официјално треба да го предложи новото партиско раководство

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски утревечер и официјално ќе добие партиско зелено светло да ја крои идната Влада.

Освен за мандатар, Централниот одбор на партијата ќе го гласа и новото партиско раководство -потпретседателите, генералниот секретар и Извршниот одбор. Кој ќе ги преземе министерските функции во новиот владин состав, СДСМ нема да одлучува утре – тоа ќе биде прва задача на наредната седница кога ќе се екипира партискиот врв на Ковачевски.

Новиот мандатар ќе има многу работа и сериозни предизвици со економската и енергетската криза, но и со придвижување на дијалогот со Бугарија, сметаат дел од политичките аналитичари. Дали Ковачевски ќе биде во сенка на неговиот претходник Заев или одлуките ќе ги носи самостојно, нивните очекувањата се поделени.

Ако не се смени ништо, особено во евроинтегративниот процес и политичката состојба во државата, предвремените парламентарни избори на кои инсистира опозицијата, наредната година ќе бидат неминовни- велат Божиновски и Арсовски.

Откако ќе добие допис од СДСМ со информацијата дека е избран мандатар, во вторник или среда претседателот Пендаровски ќе го додели мандатот за состав на Владата. Потоа почнува да тече рокот од 20 дена за комплетирање на владиниот кабинет и програмата, по што следи официјалниот избор на Владата од Собранието, каде е потребно мнозинство од минимум 61 пратенички глас.

Коронавирус