недела, 22. мај 2022. Вести денес: 22
home Вести

Ковачевски на средба со германската државна министерка за Европа

Ковачевски на средба со германската државна министерка за Европа

Првата средба која ќе ја има новиот премиер со странски државник е германската државна министерка за Европа Ана Лирман која денеска ќе пристигне во посета на Македонија.

„Фокусот на разговорите ќе биде ставен врз билатералните односи меѓу Македонија и Германија, економските и политичките прашања и европската перспектива“.

Ковачевски вчера и во завршниот говор пред гласањето на новата влада ја потврди оваа средба, за која рече дека ќе разговара за забрзување на евроинтеграциите.

Германската државна министерка ќе има и билатерални средби со вицепремиерот за евроинтеграции и со министерот за надворешни работи.

Лирман ќе биде примена и од шефот на државата Стево Пендаровски.

Коронавирус