вторник, 10. мај 2022. Вести денес: 192
home Вести

Ковачевски – Брнз: Економската соработка да се интензивира со акцент на енергетски проекти

Ковачевски – Брнз: Економската соработка да се интензивира со акцент на енергетски проекти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнз.

Амбасадорката Брнз му го честиташе изборот за премиер на Димитар Ковачевски и му посака успех во спроведувањето на програмските цели на новиот владин кабинет меѓу кои соработката со САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија е во врвот на приоритетите на меѓународната политика на земјата.

На средбата меѓу премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнз стана збор и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Северна Македонија.

На средбата беше истакнато дека за Вашингтон Северна Македонија и регионот остануваат важен геостратешки интерес и во таа насока од клучна важност за САД е деблокирање на евроинтеграцискиот процес за земјата и одржување на првата меѓувладина конференција со Брисел и отворањето на првите поглавја во процесот за членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски на работната средба со амбасадорката Брнз нагласи дека најавената официјална посета на премиерот на Република Бугарија Кирил Петков и на членовите на неговата Влада за 18 јануари, е добра порака која најавува сериозен исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни.

Амбасадорката Кејт Мери Брнз потенцираше дека за САД односите меѓу двете земји како најблиски соседи и сојузници во НАТО е од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Коронавирус