вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 126
home Вести

Котлар ветува: Формирање на центар за ментално здравје со дневен центар за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром

Котлар ветува: Формирање на центар за ментално здравје со дневен центар за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром

За првпат во Центар ќе формираме центар за ментално здравје со дневен претстој за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром и друго, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар.

-Во центарот ќе се вработат дефектолози, педагози, психијатри и негователи. Целта е децата да напредуваат и да се интегрираат во општеството. Ќе изградиме четири нови градинки со опфат од околу 600-тини деца и тоа во Пролет, Маџир маало, Дебар маало и Капиштец. Ќе организираме и зелено училиште за учење во природа. Се грижиме за најмладите! За Центар со душа, вели Котлар.

Коронавирус