среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 52
home Вести

Котлар: Употребната вредност на Заев е јасна – да распродаде се македонско

Котлар: Употребната вредност на Заев е јасна – да распродаде се македонско

Употребната вредност на Заев е многу јасна, ја видовме уште од почетокот со Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, сега треба да ја заокружи работата и толку ќе биде од него, но штетата ќе ја направи, рече Наташа Котлар, универзитетски професор на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата “Што не е јасно“.

Според неа, Заев можеби ќе направи навистина голема штета.

„Можеби навистина ќе направи нешто, а ние ќе си ја чукаме главата што понатаму. Ако Македонците ја губат сувереноста на просторот, географијата, тоа значи ќе ја губиме и политичката сувереност. Мислам дека неговата намена е таа“, рече Котлар.

Токму затоа, вели Котлар мислам веќе треба да грмнат сите.

„Последиците не знам ниту дали ќе може да ги санираме. Отпорот треба да биде низ организирана политика“, додава таа.

Според неа, на народот му е потребно да има држава која ќе создава, а не зборуваат само лични интереси и криминал.

„Прво што требаше да се направи нешто да се одговара за модуларната болница во Тетово каде изгореа 14 лица, потоа катастрофата во Бугарија каде загинаа 45 лица, а овде се зборува за функции, интереси, криминал“, посочи Котлар.

Коронавирус