вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 193
home Вести

Котлар: Според договорот на Заев Климент е бугарски просветител, а најжално е што институциите на ова молчат

Котлар: Според договорот на Заев Климент е бугарски просветител, а најжално е што институциите на ова молчат

„За нас Климент е важен бидејќи тој го идигнува народот на еден поинаков политички, културен и религиозен стадиум. Затоа и неговата дејност е прекината и 893-тата година новиот бугарски владетел Симеон го праќа да биде епископ Велички. А, на негово место доаѓа Наум. За среќа Климент и Наум ја создаваат таа почва на симбиоза меѓу таа словенска заедница која што ја споманв и древното македонско население за да се создадат свој идентитет, културошки, духовен и народносен. Веќе таа линија добива и други компоненти која што е значајна за новиот век“, истакна Наташа Котлар при своето гостување во „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Котлар додаде дека ако се оди по слободно толкување на договорот што го потпишал Заев со Бугарија, според тој договор Климент треба да е бугарски просветител. Според тој срамен договор Македонија треба да има бугарска историја.

„Македонскиот народ има македонска историја. Грчкиот народ има грчка историја. Бугарскиот народ има бугарска историја“, нагласи Котлар.
Котлар запраша кај се институциите кои што се должни да реагираат на глупостите кои овие денови ги слушаме за нашата македонска историја.

„Сериозна критика кон сите оние, а особено за Институтот за национална историја кој што има средновековно одделение и за Византиската историја. Тука е Институтот за јазик и литература, Академијата, Филозофскиот факултет. Не можете, вие сте научници, бие ја имате приматната дејност во ова општество во доменот на науката. Може политиката да ги црпи знаењата од вие што сте создале, но некој да манипулира со вашата научна дејност е недозволиво“, потенцира Котлар.

Најнови вести

Локални избори 2021