вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 108
home Вести

Котлар: Не може во едно здраво општество политиката да врши диктат ни на науката, но и на мојата лична семјна историја

Котлар: Не може во едно здраво општество политиката да врши диктат ни на науката, но и на мојата лична семјна историја

Историската комисија нема мандат да ги менува учебниците таму има авторски и интелектуални права, а тоа дека не е фашизам протече од еден германски научник Пингел кој рече дека Бугарија не била фашистички окупатор и така „прокашла“ за една споделена историја, рече Наташа Котлар во вчерашната емисија “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

-Политичарите не се тие што ќе диктираат на историчарите и ниту една држава на друга не и барала нешто такво за влез во ЕУ, не се тера наука со политички притисок. Неможете вие да си играте весела историја, бидејќи ова веќе влегува во доменот на таа квалификација, иако повеќе личи на тажна историја за да вие оспорувате една историска вистина. Македонскиот народ си имаше своја антифашистичка борба, создаде своја држава заедно со другите народности. Тој факт неможе да се побие. Нема ние што да кажуваме дека Бугарите биле администратори, мене ми е срам тоа да го кажам. Неможам јас на пример на некој мој колега од Италија да му кажам ајде заради Вашите убави очи ќе сметаме дека Италија не била фашистичка, вели Котлар.

Каков е нашиот однос кон минатото, додаде таа таков ќе биде нашиот однос кон иднината.

-Ако нашиот однос како општество кон минатото е да посегаме по мистификации, да создаваме лажна историска вистина. Неможе во едно здраво општество политиката да врши диктат ни на науката, но и на мојата лична семјна историја. Во договорот неможе некој да интервенира што да истражуваме и што да пишуваме, во чие име потпишан договорот со Бугарија, праша Котлар.

-Комисијата е политичка, се сe крие од јавноста, мора да се донесе декларација и покрај нетрпението меѓу власта и опозицијата сите да седнат да договорат за бранење на државните и националните интереси, и на АСНОМ беше кажано да се оддели државата од партијата, рече Котлар.

Коронавирус