вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 192
Во живо

Вонредна пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ: Објава на нови шокантни детали од злоупотребата на институциите со цел притисок врз граѓаните да гласаат за СДСМ

home Вести

Котлар: Цел живот вредно и сама чекорев без некој да стои позади мене за да ми го покаже патот, затоа и не се плашам од опонентите во битката за Центар

Котлар: Цел живот вредно и сама чекорев без некој да стои позади мене за да ми го покаже патот, затоа и не се плашам од опонентите во битката за Центар

Добро познатата професорка, Наташа Котлар-Трајкова, која нема кој не ја знае по нејзините ставови во одбрана на македонското прашање, и која на претстојните локални избори ќе се трка како независен кандидат за скопската општина Центар вели дека во целиот нејзин образовен процес и воопшто во животот чекорела сама, и се’ што постигнала до сега е резултат на нејзината макотрпна работа.

Таа, во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на телевизија Алфа истакна дека токму тоа и ја охрабрило да не се плаши од предизвикот самостојно и независно да се трка во битката за општина Центар.

„Се’ она што јас успеав да го постигнам и во образовната сфера, па и во професионалната, тоа е резултат на мојот личен ангажман, на мојот труд. Јас сум и така образована и така дома воспитана, дека само со труд може да се постигнат одредени работи, а мојот татко имаше обичај да каже од страв се бега, ама од срам не се бега. Ако јас се образував бидејќи имам длабока почит кон она што преставува македонска наука, тргнувајќи точно од тоа си дадов пред себе си една задача дека ако јас навистина потекнувам од таа сфера, тогаш редно е јас тоа така и да го направам, бидејќи зад мене никогаш не стоел некој за да ми го покаже патот. Човек, ако е навикнат сам да се бори во животот тогаш нема за што да се плаши за следните чекори“, рече Котлар која додава дека себеси се доживува како високо квалификуван работник и ништо повеќе од вреден работник.

Таа појасни дека, ние сите во моментов сме заложници на една класа на луѓе кои во моментот раководат со државата, како на централно така и локално ниво, кои немааат никаква историска, културна, национална наобразба, луѓе кои ги интересираат единствено економските придобивки и можности.

Во однос на нападите кои во последен период и’ ги упатуваат политичките опоненти, пред се’ од страна на владејачката СДСМ, Котлар истакна дека тоа е страв, несигурност и рефлексија на нив самите.

„Во мојот свет на науката ако немате соодветни аргументи за да му се спротиставите на својот научен соперник, тогаш гледате да алудирате на определени лични навреди, а тоа пак ве девалвира како научник. Така и ова го доживувам. Ако не можете да изразите соодветни политички ставови и се занимавате само со личноста на еден човек, тоа говори грдо за вас“, истакна Котлар.

Најнови вести

Локални избори 2021