недела, 20. септември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Котевски: Широк сокак умира, со воведувањето на прогресивниот данок од страна на владата на СДСМ и Битола ќе умре

Котевски: Широк сокак умира, со воведувањето на прогресивниот данок од страна на владата на СДСМ и Битола ќе умре

Широк сокак умира! Со воведувањето на прогресивниот данок од страна на владата на СДСМ, и Битола ќе умре, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Во Битола, во последниот период од неколку години, посебно голем замав земаат програмерските фирми кои ги има во се поголем број, и вработуваат голем број на млади висококвалификувани луѓе. Воведувањето на прогресивниот данок ќе удри точно по нив. Најплатените професии, во светот, а и кај нас, се професии поврзани со висока технологија и наука, а луѓето кои ги извршуваат не се најбогати туку високо интелигентни млади лица, кои се нашите реални претставници пред целиот свет. Со воведување на прогресивниот данок, СДСМ всушност ќе ја оданочи нивната интелигенција и креативност, истакна Стефан Котевски и додаде:

„Над 500-тини информатичари – програмери и дизајнери, дел вработени во приватни фирми, дел работејќи како фриленсери, својата работа ја извршуваат во Битола. Дали Петровска е свесна за проблемите со кои ќе се соочат овие млади Битолчани, и што планира да преземе се до доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и укинување на овој неразумен данок“.

Коронавирус