недела, 25. август 2019. Вести денес: 23
home Вести

Костовски: Заев се што им вети на Љуботенци ги излажа

Костовски: Заев се што им вети на Љуботенци ги излажа

Заев се што им вети на Љуботенци ги излажа, истакна претседателот на ОК Бутел на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС жителите на село Љуботен ги третира исклучиво само како гласачка машина, тие масовно ја дадоа својата поддршка на СДС за време на локалните избори пред се заради огромните ветувања лично од страна на премиерот Заев. Заев лично им гарантираше дека уште пролетта 2018 година дека ќе почне да се гради водоводна мрежа во ова село, од тоа ни трага ни глас ниту пак до ден денеска некој има некаква намера за реализација. Заев лично вети дека во Љуботен ќе се изгради ново училиште од прво до петто оделение во долноот дел на селото, и од тоа нема ништо, потенцира Костовски и додава:

„Со ваков тип на преголеми ветувања директно од премиерот на државата, со овие големи лаги кои се само дел од плеадата лаги за Бутел, Заев заедно со актуелниот градоначалник на Бутел Смилевски, градоначалникот на Скопје Шилегов направија Бутел да биде на маргините по однос на сите критериуми за модерна и современа општина во градот Скопје“.