четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 145
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Костовски: Во Бутел дивеат лихвари, дилери и насилници како никогаш до сега

Костовски: Во Бутел дивеат лихвари, дилери и насилници како никогаш до сега

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, одржа говор во Собранието на Република Македонија и говореше директно за криминалот во Бутел и Скопје.

-Живееме во време кога низ улиците царуваат лихвари, дилери и насилници. Мајките се во постојан страв, стравувајки од секојдневните физички напади во автобусите, се плашат слободно да ги пуштат своите деца до училиште. Во Бутел почна да се заградува државно земјиште како во праисториско време, нема закон за криминалците блиски до власта. Вака не било никогаш! Давам збор дека како човек кој ја почитува и применува конзервативната идеологија чија суштина бара ред и сигурност во државата, од позиција на народен пратеник секогаш отворено ќе се борам против криминалот на секое ниво во Македонија, рече тој.

Костовски со жалење констатира дека на комисијата за финансирање и буџет власта одби негов амандман за изградба на нова полициска станица во Општина Бутел.

-Иако се согласивме дека условите за работа на полицајците се катастрофални, воедно од СДСМ пред изборите ветуваа нова полициска станица, сепак амандманот беше одбиен. Со ова власта уште еднаш покажа дека нема намера да постави елементарни услови за работа на полицајците, а камоли да создаде систем со кој фронтално ќе се бори со криминалот. Криминалот не познава ниту вера ниту нација, човек што се бави со криминал е криминалец. Како пратеник избран од народот барам властите итно да обрнат внимание и да почнат да ги решаваат проблемите со криминалот во нашето секојдневие, во општина Бутел час поскоро да почне изградба на ветената нова полициска станица, посочи тој.

Коронавирус