сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 37
home Вести

Костовски: ВМРО-ДПМНЕ останува да протестира се додека не падне мафијашката власт

Костовски: ВМРО-ДПМНЕ останува да протестира се додека не падне мафијашката власт

Би потсетил дека ВМРО-ДПМНЕ имаше три барања по однос на овие протести, првото барање да се снижи цената на струјата која што е навистина скапа во однос на како што напоменав на една ваква последователна криза од пандемија. Второто барање е неотповиклива оставка на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бисилимоски, кој што практично е испостава на СДСМ, а за тоа говорат и фотографиите кои излегоа во јавноста каде што се гледа дека е фотографиран на партиски прослави со раководството на СДСМ. И трето барање е конечно СДСМ да го реализира она нивно предизборно ветување викенд без ДДВ, вели пратеникот Дарко Костовски во денешното интервју во дневникот на телевизија Алфа, на почетокот на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на електричната енергија.

Костовски, посочи дека се додека не се намали цената на електричната енергија, тие остануваат на улица да протестираат.

Се додека не се намали цената на електричната енергија, ние ќе бидеме на улица, и луѓето од власта треба да очекуваат една жешка есен во однос на протестите, додава тој.

Во однос на актуелните случувања со добрососедскиот договор со Бугарија и новиот меморандум во кој се негира македонскиот јазик од страна на Бугарија, Костовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е против секакво негирање на македонскиот јазик и нација, посочувајќи дека Бугарија се однесува многу несериозно како држава, но и дека Заев покажал дека е спремен повторно да ја свитка кичмата распродавајќи ги националните интереси.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. ВМРО-ДПМНЕ е против секое негирање на македонската нација, јазик и македонската држава. Навистина Бугарија изминатиот период се однесува доста незрело особено како една држава земја членка на ЕУ и навистина ВМРО-ДПМНЕ е разочарано од таквиот однос. Но, она што уште повеќе не боли како македонци пред се, но и како ВМРО-ДПМНЕ е односот на Зоран Заев кон ова прашање. Тој навистина во изминатиот период докажа дека е способен да ги распродава сите национални богатства во смисла на идентитет и менување на име. Така да во оваа смисла и во овој период очекуваме тој повторно да ја свитка кичмата се со цел да остане на власт и да ја штити својата мафијашка испостава која што веќе три години хара низ Македонија, изјави Костовски.

Но, она што сакам да го најавам е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира и ќе остане на улица се додека не се промена оваа власт, затоа што тие навистина нанесуваат голема штета на македонската држава, заврши Косотовски.

Коронавирус