сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Костовски: Велимир Смилевски општина Бутел ја претвори во депонија

Костовски: Велимир Смилевски општина Бутел ја претвори во депонија

Да, ова за жал е нашата Општина Бутел ‼️

Нашата Општина е претворена во една голема депонија, Бутел никогаш не бил позагаден, никогаш ни приближно немало волкав број на огромни депонии кои се сигурен извор на разни зарази.

Смилевски и СДС предизборно ветуваа чиста Општина и повеќе зеленило, како резултат од нивните ветувања го имаме прикажаното на овие жални фотографии, состојба која и те како е АЛАРМАНТНА ‼️

На фотографиите се прикажани депонии од Радишани, Љуботенски пат, Визбегово, Бутел 1.

Како ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел бараме Општина Бутел и сите надлежни итно да превземе мерки за расчистување на овие веќе опасни депонии.

Фејсбук статус на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарни избори 2020