петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

Костовски: Следи нова тешка битка во која верувам на крајот ќе победи македонскиот народ

Костовски: Следи нова тешка битка во која верувам на крајот ќе победи македонскиот народ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски на својот Фејсбук профил напиша статус во кој кажува дека следниот период ќе ја врати Македонија десетици години наназад .

-Засилено продолжение на криминалот, рекетот и разнебитувањето на македонската држава по однос на сите витални национални прашања. Следниов период за жал ќе гледаме уште една нова трагична серија на владата “Guns N’ Roses” која по сите основи ќе ја врати Македонија десетици години наназат, целосно дисфункционален систем, корупција на безобразно ниво и тн, стои во неговиот статус.

Веројатно следната битка нашиот народ ќе ја дочека многу по свесно, платениците на Заев преточени во мали партии и бојкотирачи веројатно ќе бидат скоро невидливи(прочитани), додека мотивот за промена на подобро ќе биде значително зголемен за да на дело покажеме колку ја сакаме Македонија.
Борбата трае вечно, следи нова тешка битка во која верувам на крајот ќе победи македонскиот народ, потенцира Костовски.

Најнови вести

Коронавирус