понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 63
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Костовски прашува: Со кое лице влезе Петровска и ги погледна полицајците во Бутел

Костовски прашува: Со кое лице влезе Петровска и ги погледна полицајците во Бутел

Изминативе два дена на социјалните мрежи ја гледаме Славјанка Петровска допонителната заменик министерка во МВР и кандидатката за пратеник СДС од Бутел како се движи низ општината. И добро е тоа да го видат колку е убав нашиот Бутел но синдромот кој владее во ОО СДС Бутел се пресликува. Исто како и градоначалникот кој не живее во општината како печурки никнуваат само за избори тоа е показател колку им значат бутелчани на овие луѓе. Денес на пазарот во Бутел делеле рекламен материјал пред полициски час и апелите да се седи дома или кампањата за СДС е веќе започната!?

Вчера во посета на полициската станица гордо се сликаат па сакам јавно да ја прашам Петровска неколку прашања:
➡️Со кое лице влезе и ги погледна полициските службеници?
➡️Нели почувствува барем малку срам за тоа што додека ја изврушуваше функцијата шеф на кабинет на тогашниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не се потруди ни малку за очајниот изглед на полициската станица во Бутел?
➡️Какво е чувството да живееш во општина која е најнебезбедна и со најмногу криминал?
➡️Какво е чувството да живееш во општина во која секојдевно има организирани тепачки, кражби, а за жал сведоци сме и на убоди со нож?
➡️Дали Петровска од позицијата која ја извршувала се потрудила за безбедноста во Бутел?
➡️Дали Петровска знае на кој начин се тероризираат мали деца за што има еден куп пријави од загрижени родители во местото каде што самата живее, Скопје Север?

Пред да се шета низ Бутел, Петровска мора да им одговори на Бутелчани‼️

Коронавирус