среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Костовски: Пописот е веќе договорена работа помеѓу ДУИ и СДСМ бројките однапред се знаат

Костовски: Пописот е веќе договорена работа помеѓу ДУИ и СДСМ бројките однапред се знаат

Дарко Костовски пратеник од ВМРО ДПМНЕ во гостување на радио “Лидер,, потенцираше дека секогаш кога треба да се сличи нешто негативно во однос на македонските национални интереси тогаш секогаш е тука тоа СДСМ да го направи и дека тоа е повеќе од јасно од македонската политичка историја.

Секогаш кога во Македонија треба да се случува нешто специфично или негативно по однос на македонските национални интереси секогаш е СДСМ тука тоа да го направи. Не треба да се добар познавач на македонската политичка историја за да го знаете ова истакна Костовски.

Костовски кажа дека пописот е веќе однапред договорена работа помеѓу СДСМ и ДУИ во кој однапред се знаат бројките и конечните резултати.

Мое мислење е дека треба да спроведат еден однапред договорен попис кој што му се знаат бројките пред време и едноставно станува збор за состојба која што СДСМ ја договори со ДУИ верувам уште пред да ја направат оваа старо нова коалиција и некако мене ми изгледа ситуацијата дека СДСМ во моментот е јавнат од ДУИ буквално и ќе мора да испорача тоа што им го ветиле во тој договор појасни Костовски.

ЕУРО 2020

Македонија