сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 54
home Вести

Костовски: Под директен притисок на властите се изрече пресуда за Гордана Јанкуловска

Костовски: Под директен притисок на властите се изрече пресуда за Гордана Јанкуловска

Од денеска и официјално почнува слободниот пад на рекетарско-макфијашката власт на СДС и ДУИ, денеска го направија најкукавичкиот чекор, низ класична политичка местенка демонстрирајки немоќ без никакви докази и под директен притисок на властите се изрече пресуда за Гордана Јанкуловска која е една од ретките обвинети што не прифати да биде пиун на Заев, напротив таа остана цврста за разлика од сите оние лигуши на кои и “северна” им стана мила само за го заштитат личниот интерес, секако на штета на вмровскиот или уште поконкретно македонскиот интерес.

Ова го истакна Дарко Костовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Почнавте со ефтино монтирање на политички случаи, ова ќе сакате лицемерно да го протнете на народот како врвна правда во државата, ве печат протестите и веќе не знаете каде терате, ве пече огромната река на народ која деновиве е на улиците, но не заборавајте ова е само почеток, почеток до конечниот и атрактивен пад на СДСМ кој на партијата ќе и донесе долгогодишен темен период од кој тешко ќе може да се опорави.

На Македонија и треба вистинска правда, не класични политички местенки кои беа пракса во минатиот век како основно средство за чување на власта во режимите на Франко, Чаушеску, Тито, Стаљин и тн“, напиша тој.

Коронавирус