среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 70
home Вести

Костовски побара оставка од Смилевски ако изгуби на предвремените парламентарни избори

Костовски побара оставка од Смилевски ако изгуби на предвремените парламентарни избори

Смилевски конечно да покаже храброст и да го следи примерот ма неговиот колега од Крушево, бара претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.

-Храбар потег на градоначалникот од СДС на Крушево, дал збор дека ако СДС ги изгуби предвремените парламентарни избори ќе си поднесе неотповиклива оставка од позицијата градоначалник, пишува на Фејсбук Костовски.

Понатаму Костовски пишува дека поразок кој што ќе го доживеат Заев и Смилевски на 12 април ќе биде целосно делегитимирање на централната но и локалната власт на СДС во Бутел.

-Добро би било ваква изјава да даде и градоначалникот на Бутел Смилевски, затоа што големиот пораз кој Заев и Смилевски ќе го доживеат во Бутел на 12ти Април ќе биде целосно делегитимирање на централната но и локалната власт на СДС во Бутел, тоа ќе биде најсигурен показател дека граѓаните на Бутел се свесни за големите предизборни лаги на Смилевски и Заев и екстремно малата реализација на предизборната програма, показател со кој непосредно ќе биде потврдено дека е доста за СДС во Македонија и Бутел, доста е за набезбеден Бутел, доста е за понижен Бутел, пишува на својата Фејсбук страница претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски.

Коронавирус