сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 101
home Вести

Костовски: Оваа Битка е една голема победа за цврстата национална свест на Бутелчани

Костовски: Оваа Битка е една голема победа за цврстата национална свест на Бутелчани

Дарко Костовски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел на својот Фејбсук профил објави статус во кој потенцира дека вчерашните избори  се битка за една голема победа за цврста национална свест на Бутелчани.

-Оваа Битка е една голема победа за цврстата национална свест на Бутелчани! Колку за илустрација ова се населените места во општина Бутел каде што битката помеѓу ВМРО и СДС е чиста, без можност за поткуп, разни притисоци и слично:

Свети Климент Охридски(моето населено место)
ВМРО 1788
СДС 1040

Љубанци
ВМРО 565
СДС 51

Љуботенски пат
ВМРО 594
СДС 170

Населба Радишани
ВМРО 1405
СДС 1075

Село Радишани
ВМРО 534
СДС 284

Овие резултати ми даваат посебен мотив и енергија за уште повеќе да се нагази теренот и на парламентарните избори кои ќе бидат помеѓу ВМРО и СДС да ја зголемиме разликата од првиот круг на над 2000.

Ја користам оваа прилика да ја поздравам целата партиска структура на ВМРО Бутел која макотрпно изработи за овие големи достигнувања во битката ВМРО против се останато.

Ви благодарам на сите оние кои ја препознаа вистинската Македонија на овие претседателски избори, стои во неговиот пост на Фејбсук.