среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 158
home Вести

Костовски: Отстранување на споменикот Ќосето е резултат на спроведување на договорот со Бугарија- Што се уште ветил Заев, а граѓаните не знаат?

Костовски: Отстранување на споменикот Ќосето е резултат на спроведување на договорот со Бугарија- Што се уште ветил Заев, а граѓаните не знаат?

Изјавата на бугарски европратеници во кои што го поздравуваат отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Лазев – Ќосето се недолични, но очекувани со оглед на срамните антидржавни политики на Зоран Заев. Затоа МНР молчи кога фигури од македонската историја се прогласуваат за Бугари, а бугарски европратеници на шега или сериозно му сугерираат на Заев нивните спомен обележја да ги префрли во Благоевград, истакна Дарко Костовски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонската јавност е шокирана од изјавите со кои се поздравува одлуката за отстранување на спомен обележјето на Андон Лазов Јанев-Ќосето бидејќи е резултат на спроведување на договорот за добрососедство со Бугарија. Јавноста не сака да верува дека рушењето на споменици е дел од договорот за добрососедство со Бугарија, но после премолчувањето од страна на МНР се сомнева.

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати потенцираше дека овој договор е асиметричен и прашува дали има и други споменици кои треба да бидат срушени како резултат на договорот за добрососедство. Што се уште ветил Заев во четири очи,  а граѓани на Република Македонија не знаат?

Во стилот на ИСИС и талибанците, во стилот на Ал Багдади и Мула Омар, СДСМ започна со рушење на македонската историја и обележјата на македонските историски ликови. Во раните утрински часови под превезот на ноќта, СДСМ го отстрани споменикот на современикот на Гоце Делчев и Даме Груев, Андон Лазов Јанев-Ќосето, а со тоа се обиде да ги урне идеалите за кои овој човек се борел целиот свој живот.

СДСМ се обидува да го урне идеалот на  македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев-Ќосето за независна, демократска и слободна Македонија. На власта и пречи се што е македонско, на СДСМ и пречи македонската историја, македонскиот идентитет и народ. Срамниот чин кој го направи оваа власт нема да го сокрие ноќта.

Со лаги и манипулации, како и секогаш СДСМ се обидува да го оправда овој вандалски чин, но за некои работи нема оправдување, а сторителите на овој вандализам вечно ќе останат запаметени.

Партијата на власт наместо да гради таа руши, наместо да создава уништува, а наместо живот донесе неспособност и расипништво.

Градоначалниците на СДСМ во предизборието ветуваа реновирање на улици и патишта, изградба на булевари и кружни текови, спортски сали, водоводи и канализација. Во нивната предизборна кампања ветуваа многу, но не ветија рушење и отстранување на спомен обележјата на македонската историја.

ВМРО ДПМНЕ откако повторно ќе се врати на власт ќе ги врати спомен обележјата, а за секој што постапувал надвор од законот ќе се бара соодветна одговорност.

Коронавирус