понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 182
home Вести

Костовски објави скандал за Смилевски: За време на криза, општина Бутел троши 400.000 евра за партиски вработувања

Костовски објави скандал за Смилевски: За време на криза, општина Бутел троши 400.000 евра за партиски вработувања

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски, објави мега скандал поврзан со градоначалникот на општина Бутел.

-МЕГА СКАНДАЛ! ЗА ВРЕМЕ НА ГОЛЕМА ЗДРАВСТВЕНА И ЕКОНОМСКА КРИЗА ВЕЛИМИР СМИЛЕВСКИ И ОПШТИНА БУТЕЛ ТРОШАТ 400 000 (ЧЕТИРИСТОТИНИ ИЛЈАДИ ЕВРА ГОДИШНО)
ЗА ПРИВРЕМЕНИ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА !
ДРЖАВЕН РЕКОРД БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА!
Велимир Смилевски “Градоначалникот” во заминување има само уште неколку месеци од својот мандат, факт е дека нема реализирано буквално ниту еден неговите ветени покрупни проекти, како: Водоводи, училишта, полициска станица, градинки, противпожарен пункт, гасификација, плоштад, паркови, спортски комплекси и тн. НО затоа најнедомаќински и на многу сомнителен начин троши 400 000 евра годишно за да вработи партиски пајташи додека некои луѓе сеуште газат кал, некои немаат вода, безбедноста во општината е на најниско можно ниво и тн…..
Затоа во оваа прилика како пратеник во собранието на Република Македонија, избран на последните парламентарни избори на кои во општина Бутел ВМРО-ДПМНЕ убедливо ја порази СДСМ со 1500 гласови разлика, сакам во оваа прилика директно да му поставам неколку прашања на Смилевски:
1. Дали ова ни го правиш затоа што не живееш во нашата општина, дали затоа немаш елементарен осет за добро на Бутел ?
2. Колку од овие партиски пајташи не ти доаѓаат на работно место ?
3. За четири години вкупната сума на потрошени пари ( од буџетот на општина Бутел или наши пари на граѓаните ) за привремени вработувања изнесува скоро 2 000 000 евра ( два милиони ) дали со овие пари здраворазумен човек ќе реализираше неколку важни проекти и со тоа нашата општина Бутел ќе ја направеше подобро место за живеење ?
Последната работа која што сакам да ја истакнам во овој статус е молба, Смилевски ти остануваат само уште неколку месеци како “градоначалник” во обид, те замолувам да не го доуништуваш Бутел затоа што ти живееш во Центар, ние и нашите деца ќе останеме во Бутел, пишува Костовски на Фејсбук.

Коронавирус