среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 167
home Вести

Костовски: НБРМ е регулатор, не инспектор- барам оставка од целото раководство бидејќи свесно ја однесе банката во стечај

Костовски: НБРМ е регулатор, не инспектор- барам оставка од целото раководство бидејќи свесно ја однесе банката во стечај

Сопственикот на Еуростандард банка преку соопштение до јавноста вели дека Народната банка на Македонија е регулатор, а не инспектор кој врз основа на инспекција изрекува и казнува.

-Вчера 19. 10. 2020, Народна банка изјавија дека Еуростандард банка отишла во стечај, бидејќи не ја исполнила својата законска обврска за докапитализација. Со нивната изјава потврдуваат дека сите алатки за стабилизирарање на Еуростандард банка не биле користени. Би сакал да расчистиме – Народна банка е регулатор, кој треба да ги регулира финансиските текови во државата. Народна банка не е инспектор кој врз основа на инспекција изрекува и казни. Во случајов, Народна банка не прави разлика во поимањето регулатор и инспектор, вели во своето соопштение Костовски.

Тој додава дека невозможно е од 6,55% адекватност на капиталот кон крајот на март 2020 година да падне на 2% адекватност, во рок од  4,5 месеци, во кои 3 месеци и 1 недела имаше вонредна ситуација.

-Веселата математика направена од страна на Народна банка не држи, падот од 6,55 % адекватност на капиталот на само 2 % адекватност е чиста математика, со носење на лошите пласмани во уште полоша категоризација. ЗОШТО?, ја прашувам Народна Банка, кога при тој слободен пад на адекватноста на капиталот, кој за 4,5 месеци од 6,55% падна на 2% не ги примени алатките: Вонредни мерки и Администрација. Почитувани дами и господа од Народна банка, барам веднаш оставка од целото раководство поради свесно носење на банката во стечај,  со што загрозивте десетици илјади правни и физички лица. Ако имате и трошка доблест тоа ќе го сторите веднаш, вели Костовски.

Тој додава :

„П.С. Подобро да молчите, бидејќи со секој ваш кажан став се деградирате себеси и институцијата Народна банка“.

Коронавирус