недела, 9. август 2020. Вести денес: 93
home Вести

Костовски: Младите од Бутел бараат просперитетна иднина и безбедна општина

Костовски: Младите од Бутел бараат просперитетна иднина и безбедна општина

Младите се нашата иднина! Тие се извор на идеи и просперитет. Тие се генерации кои се желни за промени. Сакаат реални проекти кои ќе им овозможат подобра иднина, истакна Дарко Костовски кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2.

„Заедно со носителот на ИЕ2, Владо Мисајловски, кандидатот за пратеник доктор Боро Илиевски и претседателот на Унијата на млади сили при општинскиот комитет Бутел, Никола Стојковски, имавме трибина со младите од нашата општина. Тоа се генерации кои неуморно ќе работат за да ја сочуваат Република Македонија. Им посочивме дека во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има место за сите млади, квалитетни кадри.

Ќе ги зачуваме младите во нашата држава. Токму тие ќе бидат носители на победата на 15-ти јули, тие ќе ја обноват Македонија“-порача тој.

Коронавирус