сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Вести

Костовски: Младите ќе го поразат СДСМ така силно што нема да знаат што ќе ги снајде

Костовски: Младите ќе го поразат СДСМ така силно што нема да знаат што ќе ги снајде

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел денеска беше на средба со младите од унијата на млади сили на Бутел.

-Направив средба со УМС Бутел, таму беа моите почетоци, во УМС ги учев првите политички чекори, време кое секогаш ќе биде добро за паметење, многу спомени и големо искуство.
Искреноста на оваа младинска политичка структура е најсилното оружје, љубовта кон ВМРО и Македонија е мотивот.
Се потсетив на периодот кога бев претседател на УМС Бутел, армија на млади и енергични луѓе.Сега повторно ја гледам истата слика и сум посебно Горд на тоа.
Овие млади, искрени и неуморни луѓе ми даваат голем потик кој дополнително ме мотивира во борбата за Македонија.
Никола ја води стабилно и храбро оваа структура, има чест да предводи млада авангарда која има страшен потенцијал.

Секако, ќе победиме така силно што нема да знаат што ги снашло !

Да живее УМС БУТЕЛ !, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус