среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 180
home Вести

Костовски: Локалната и централната власт на СДСМ немаат слух за проблемите на граѓаните на Општина Бутел

Костовски: Локалната и централната власт на СДСМ немаат слух за проблемите на граѓаните на Општина Бутел

На комсијата за финансирање и буџет во парламентот на Република Македонија за време на тековниот ребаланс на буџетот, пратеникот Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со амандман побара во најбрз можен рок да се изгради противпожарен пункт на територија на Општина Бутел. Луѓето од власта го отфрлија ова барање без никакво посебно образложение.

-Општина Бутел е една од ретките општини во Македонија што на своја територија немаат свој противпожарен пункт, најблискиот противпожарен пункт се наоѓа на Бит пазар од каде се потребни минимум 40 минути противпожарното возило да стигне до местото на настанот во Општина Бутел. Да биде ситуацијата уште поделикатна морам да истакнам дека Велимир Смилевски предизборно на граѓаните на Општина Бутел им ветуваше противпожарен пункт и тоа со краен рок за изградба до крајот на 2020 година, секако станува збор само за уште една лага во низата лаги на Смилевски. Искрено жалам што ниту локалната ниту централната власт на СДСМ немаат слух за проблемите на граѓаните на Општина Бутел, оваа општина е останата на маргините или поедноставно кажано е целосно заборавена општина во која особено во последниве три години не е закована ниту една шајка, истакна тој.

Костовски порача дека секогаш ќе се бори за решавање на проблемите на сограѓаните.

-Како пратеник во парламентот на Македонија секогаш ќе се борам за проблемите во општината од која доаѓам, ќе бидам гласен и ќе ги истакнувам јавно се со цел да пробам да допрам до властите, иако не верувам дека Општина Бутел ќе стане приоритет на СДСМ, три години Општина Бутел за СДСМ не постои, истакна Костовски.

Коронавирус