среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 77
home Вести

Костовски: Достоинствено ќе ги бранам интересите на Бутел и Македонија

Костовски: Достоинствено ќе ги бранам интересите на Бутел и Македонија

ДЕНЕСКА ВО МАНАСТИРОТ СВ.ЈОВАН ВО БАСТИОНОТ ЉУБАНЦИ ИМАВМЕ СОСТАНОК СО ПОБЕДНИЧКИ ОПШТИНСКИ ИЗБОРЕН ШТАБ БУТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ !

ОВИЕ ХРАБРИ И ДОСТОИНСТВЕНИ ЛУЃЕ МИ ДАВААТ ГОЛЕМ МОТИВ ЗА ИДНИОТ ПЕРИОД И СИТЕ ГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ !

Заеднички заклучивме дека и покрај сите нерегуларности, поткуп и останати нечесни потези на СДСМ во Бутел, народот цврсто застана позади ВМРО-ДПМНЕ, обновата на државата и одбрана националните интереси.

ОИШ Бутел на ВМРО-ДПМНЕ денеска заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ е столб на македонската држава, врвната цел на нашата организација е зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.

Веруваме дека претседателот Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат вистински одлуки, како и до сега. Борбата за Македонија допрва почнува и токму затоа треба цврсто да ги збиеме нашите редови и темелно да се подготвиме за следните предизвици.

Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Бутел со оваа победа од 1500 гласови разлика покажа дека темелно и мотивирано ја изработи оваа кампања и со тоа докажа дека Бутел е непробоен бастион !

Дадов збор и се обврзав дека како пратеник во Собранието на Република Македонија достоинствено ќе ги бранам интересите на Бутел и Македонија. Воедно на сите присутни срдечно им се заблагодарив за искрената, чесна и посветена битка за време на оваа кампања.

#ДаЖивееМАКЕДОНИЈА

Коронавирус