петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Костовски до Оштетените штедачи: Престанете со клеветите или ќе ве тужам

Костовски до Оштетените штедачи: Престанете со клеветите или ќе ве тужам

Бизнисменот Трифун Костовски објави реакција на вчерашното соопштение на здружението на оштетени штедачи и фирми од Еуростандард банка во кое ги предупредува дека доколку не престанат со неосновани напади и обвинувања кон него, со кои го уриваат неговиот углед, дека ќе поднесе тужба за клевета.

Во реакцијата на Костовски се вели:

„Во објавата на оштетените штедачи од 15.06.2021 година, ме обвинувате како соучесник во лошото работење на банката. Сакам да ви биде јасно, јас како акционер го именував само Управниот одбор и целокупната внатрешна структура во банката е раководена од поставениот Управен одбор, читајте Генерален директор.

Со каква леснотија обвинувате за мое соучесништво, навистина се граничи со неразумност.

Повторувам: стојам на располагање за секаков вид распит околу стечајот на Еуростандард банка. Нема да толерирам натамошни клевети од ваша страна и ве предупредувам дека доколку продолжите на ваков начин да ми го рушите достоинството, ќе бидам принуден да ве носам на суд, да ве тужам за клевета”.

Коронавирус