сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Костовски до Груби: Тој лажен радикален патриотизам е минато во Македонија

Костовски до Груби: Тој лажен радикален патриотизам е минато во Македонија

Артан, продавање лажен радикален патриотизам пред избори е одамна помината тема во Македонија, а многу поодамна во поразвиениот и цивилизиран свет, пишува Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук, обраќајќи се до Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети.

-Ти Артане да не помисли дека некој ќе загрижиш ако така лесно од ракав вадиш проценти ?
Да не биде натпревар помеѓу лажни патриотско романтичарски флоскули, да биде натпревар во идеја, ум и кој од нас побрзо ќе воспостави цврсто озаконето општество со максимална примена на законските прописи, ставање конечен крај на шверцот, тргувањето со дрога, и било каков друг криминал кој во периодот на оваа ваша влада СДС и ДУИ го доживува своето кралско време. Просперитетна, силна и достоинствена Македонија, Македонија во која ќе има ред, закони и санкционирање со брзи, ефикасни и одлучни акции, додава Костовски.

Најнови вести

Коронавирус