понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 40
home Вести

Костовски: Бутел ќе ја избере Македонија

Костовски: Бутел ќе ја избере Македонија

Се соочуваме со тешки времиња, македонските интереси едноставно не се цел на оваа ненародна власт. Сите потези на оваа власт не само што не ги штитат државните интереси, туку се насочени кон подривање и наштетување на истите, порачува Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа претседателска трка е од огромно значење за иднината на Македонија, има две јасно спротиставени страни: Едната е јасна визија за горда и достоинсвена Македонија, додека пак другата е забрзано продолжување на владиниот процес за разнебитување на македонската државност. Бутел и бутелчани секогаш знаеле што е добро за оваа земја, во клучните мигови повеќепати носеле вистински решенија, одтаму сум сигурен дека и овој пат изборот ќе биде Македонија. Во мое лично име, ве повикувам на 21 април во недела масовно да излеземе и да го дадеме својт глас за професорката Гордана Сољановска Давкова. Татковината повикува, додава Костовски.