вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 125
home Вести

Костов: Владата задоцни со мерките и тоа директно влијае на граѓаните

Костов: Владата задоцни со мерките и тоа директно влијае на граѓаните

Во вечерашното издание на “Само интервју” гостуваше Сотир Костов кој се осврна и зборуваше за моменталната криза предизвикана од коронавирусот.

Костов истакна дека менаџментот на министерството за здравство тотално затаил, но истото се случило и со менаџментот на владата.

Според Костов залудно се пофалбите од едно на друго конто, кога граѓаните воопшто немаат никави придобивки од таквото однесување. Костов додаде дека населението не е добро запознаено со она што се случува во државата и секојдневно е изложено на ризик за сопственото здравје.

“Мерките доцнат. Наместо да се тргне политиката на страна и да се собираат предлози и мерки од сите страни, владата постапува дрско и не сака да соработува со ВМРО-ДПМНЕ која во неколку наврати понуди решенија”, вели Костов.

Суетите и личните бенефити мора да се тргнат на страна. Во овие моменти сечиј живот е важен и тука воопшто не е важно дали некоја мерка ќе предложи владата или опозоцијата. Најважно е мерките навремено да се донесуваат и да се почитуваат, и со тоа да македонските граѓани да се заштитат од коронавирусот, заврши Костов.

ЕУРО 2020

Македонија