вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Вести

Костов: Три години потроши оваа власт за само едно прашање, а нема резултати

Костов: Три години потроши оваа власт за само едно прашање, а нема резултати

Во емисијата „Само Вистина” на Канал 5 телевизија политичкиот аналитичар Сотир Костов изјави дека три години потрошила оваа власт за само едно прашање за кое нема резултати.

-Многу е скапа цената. Се смени уставот не се почитуваше народната волја на народот од референдумот , се смени името на Република Македонија сега сме некоја друга Македонија вие знаето јас тоа име не го изговарам освен кога ептен морам. Што правиме сега? Значи не е точно дали ќе има или ќе нема избори дека тоа не било битно. Многу е битно. Некој треба да излезе пред народот и сега да каже: три години се боревме за ова успеавме не успеавме бујрум граѓани, избирачи вие ќе оценете кој е во право. И граѓанинот избирач на денот на изборите ќе си го каже своето. Јас сум многу разочаран само ќе повторам , вие знаете дека јас сум за Европската Унија, нагласи Костов

Во понатамошната дискусија Костов вели дека тој не смета дека меѓународната заедница ни е крива за недобивањето на датум туку дека сите ние во Македонија сме најголемите виновници, сите граѓани кои сме дозволивме некој да не убеди сами да си го смениме името.

-Зошто Шекеринска Заев и Никола Димитров еве вака не лажеа две години и два месеци, ланскиот јуни и овој годишниот, зошто славеа и ни рекоа дека имаме датум? А ние немаме датум. Ајде сега да се свртиме на нашата власт Макрон нека си мирува таму во Франција затоа што и таму си има проблеми, зошто тоа го правеа, селфите ги памтете во авионите, имаме дата, значи залажување невидено, тоа се вика пинокио во политиката , тоа е голема лага од голем размер. И за тоа треба на избори да се оцени. Влада што ни го смени името а не испорача датум јас не сакам да ме води таа влада, заклучи Костов.