вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 61
home Вести

Костов: Спасовски е министер за внатрешни работи кој не може да добие повисока оценка од два минус за неговата работа

Костов: Спасовски е министер за внатрешни работи кој не може да добие повисока оценка од два минус за неговата работа

Аналитичарот Сотир Костов во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за тоа како работи Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи и посочи дека како министер Спасовски е многу лош и оцената која тој може да ја даде за него е помеѓу еден плус и два минус.

-Само знам дека многу запнале акција за гонење на нарко босови на дрога, им бегаат босовите, поголемите количини испаруваат и се задоволуваат со некои улични дилери, очигледно или некој го саботира или некој не знае што е вистинска предистрага, истрага, менаџирање на тој дел од акцијата и на крајот завршниот удар кога треба да се поентира, ефектуилизира, материјализира и да се уловат главните играчи. Јас мислам дека се случува нешто со Спасовски, од она несреќно стоење како восочна фигура до Заев кога се фалеше за притворањето, бегањето на Мијалков, па враќањето, па праќањето во притвор и така натаму тој некако бледо гледаше без фокус, празно и говорот на телото кажуваше дека не се согласува со ова кое го зборува Заев и оттогаш човекот е изгубен.Да не заборавиме тој е последниот играч кој остана од големите во рингот од СДСМ да ја игра утакмицата или еве бокс мечот, сите други отпаднаа. Шекеринска, најголемиот играч оптадна, Ременски, Кирацовски да не ги споменувам сите, еден по еден отпаѓаат, а тој остана последен и мислам ќе биде интересно. Не е толку за потценување како играч на СДСМ, како министер му давам многу лоша оценка, се двоумам меѓу 2 минус и единица плус и е жално, рече Костов.

Костов во своето гостување укажа дека со СДСМ на власт во државата има селективна правда и дека законите не важат за сите.

-Дрога не се гони така, нарко дилери и босови не се гонат така си има правила на крајот на краиштата они кажуваат дека се со ДЕА еднаш им помага, еднаш ја кријат. Лично мислам дека ДЕА им покажа показна вежба како се фаќаат криминализирани луѓе од власта, конкретно мислам на началникот во Прилеп во полицијата, го фатија со дрогата. Близок човек до главниот, до Заев го уловија и него. Сега они кажуваат за сите важел законот, но не важи законот за сите , во устата они се само големи со демократија, а знам и дека имаат и селективна правда и дека тлото им е веќе разнишано и пропаѓаат во провалија. Јас мислам дека Спасовски веќе не раководи со МВР туку таму има некои структури од овие безбедносните агенции кои не знаат да разграмичан кој е безбедносна опасност за државата, кој е патриот, кој е граѓански активист и така малтретираат голем број на луѓе, додаде Костов.

Локални избори 2021