петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 135
home Вести

Костов: Опозицијата не треба да му даде легитимитет на пописот кој Заев сака да го спроведе по негови стандради

Костов: Опозицијата не треба да му даде легитимитет на пописот кој Заев сака да го спроведе по негови стандради

19.500 дози од вакцината против корона на Фајзер денес стигнуваат во Белград,ткму од тие дози ќе и бидат доставени на Македонија што значи премиерот Зоран Заев ја прифатил идејата на Иван Стоиљковиќ од Демокрсатската партија на Србите во Македонија, вели аналитичарот Сотир Костов во емисијата Неделен брифинг со Сотир Костов на Инфомакс.
Костов се осврна и на актуелната тема со пописот коментирајќи го отсуството на опозицијата на денешната собраниска седница.

-Ако опозицијата решила дека треба да не присуствува на расправата за пописот и така треба да биде. Исто така така треба да биде и ако опозицијата сфатила дека власта ја маргинализира, и токму затоа не треба да одат и да не дадат легитимитет на законот и процесот за спроведување на попис, рече Костов.

Аналитичарот се осврна и на темата цензура и тоа посебно во медиумите. За истата констатира дека ја има во сите медиуми.

-Затоа јас се определив за своја емисија на Инфомакс затоа што тука нема цензура, а секаде каде се гостува те моделираат како што им одговара. Мора да се прекине со цензурата и автоцензурата. Мене ме привлекува мотото на Инфомакс „Информација без цензура“, посочи Костов.

Коронавирус