петок, 16. април 2021. Вести денес: 107
home Вести

Костов: На дело видовме системска корупција и организиран криминал, главната одговорност е кај Заев и Мијалков

Костов: На дело видовме системска корупција и организиран криминал, главната одговорност е кај Заев и Мијалков

На дело видовме системска корупција и организиран криминал. Кај нас се виде дека нема правда, ниту правна држава во овој момент. Видовме измајмунување од правосудниот систем, полицискиот и безбедносен и политички систем од страна на еден човек изјави политичкиот аналитичар Сотир Костов за „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се дебатираше за настаните од изминативе денови поврзани со исчезнувањето и појавувањето на Сашо Мијалков.

Костов потенцира дека главната одговорност е кај Заев и Мијалков кои се главните протагонисти, и дека целото ова сценарио ја покажа неспособноста на системот нешто што го потврди и самиот премиер.

– Заев прво прогласи неспособност на сите органи на системот, се закани, тој ја координирал акцијата и преземале мерки. Која акција, каква акција премиер, акцијата треба полицијата да ја води. Кој му го дал тоа право? Ова не е случај под негова надлежност. Зошто Заев држеше прес конференција, требаше да ја држи судот, обвинителите, полицијата, вели Костов.

Тој додаде дека тоа што го соопшти обвинителката Русковска се приказни за мали деца, бидејќи требало да го има притворот уште во петокот, но барала да добие на време.

– Русковска направи кардинална грешка. Обвинител нема да се обрати на полицијата, туку прво кај судот, ќе ги викне обвинителите и со предметот ќе отидат без никој да знае ќе побараат притвор. Основно правило е да ги викне обвинителите кои го водат предметот, и ако беше храбар обвинител ќе отидеше во суд. Таа се обрати во полиција и тука почна филмот, нагласи Костов.

Коронавирус