петок, 24. септември 2021. Вести денес: 133
home Вести

Костов: Крајот на Русковска ќе биде покатастрофален од оној на Јанева

Костов: Крајот на Русковска ќе биде покатастрофален од оној на Јанева

По Катица Јанева, сега Вилма Русковска вели не постои опција да се смени шеф на обвинителство поради нестручност и некомпетентност. Ова е јавнообвинителстки безорбазлук, вели аналитичарот Сотир Костов на гостувањето на телевизија Алфа во емисјата Што не е јасно.

„Катица Јанева беше диво месо, оваа функционира во формални институции. Како и да е не е дозволиво вакво однесување на јавни обвинители. Не можат да мислат дека се недопирливи. Кај нас почнаа да уживаат да даваат изјави да се сликаат, и еве ти ја Русковска ќе навредува во ист момент требаѓе да биде сменета, ама и прогледаа низ прсти“, кажува аналитичарот Костов.

Крајот на Русковска ќе биде покатастрофален.

„Јанева набрзина си ги покажа апетите, а Русковска сега држи главен дел, она е најјака и затоа се спротивставува на сите. И еве денеска вели не може да биде сменета поради нестручност и некомпетенност. И да не може секој да ги менува, ама ако е некој нестручен и некопметентен. Тоа и те како треба да се случи. Оваа се замислува помоќна и од Заев“, вели Костов.

Коронавирус