среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 108
home Вести

Костов: Kога во државата има најголем број на заразени и невакцинирани граѓани пописот не треба да се одржи

Костов: Kога во државата има најголем број на заразени и невакцинирани граѓани пописот не треба да се одржи

Сотир Костов, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за средбата на Мицкоски и Заев и за одложувањето на пописот и посочи дека Заев требало да ги повика на таа средба сите претседатели на парламентарните партии како и претседателот на Собранието и претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Според Костов ова е втора грешка на Заев затоа што кога преговарал за Влада директно се обратил кај ДУИ, а ја прескокнал опозицијата.

-Лично мислам дека Заев требаше да ги повика сите претседатели на парламентарните партии. Ова му е втора грешка и кога преговараше за Влада директно отиде кај ДУИ, ги скокна и ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Алијанса и Левица и не ги удостои. Парламентаризмот бара респект, бидете вие победник, но на маса треба да разговараме, демократијата е разговор. Лично мислам сликата да ги видиме на маса Заев и Мицкоски беше добра. Јас би прашал каде е тука претседателот на Собранието, можеби беше созреан моментот и претседателот на Македонија, Пендаровски да биде присутен, а не да се препукуваат со министер. Мојот прв став е дека треба да се има респект за опозицијата. Во однос на одложување на локалните избори јас имам некое друго мислење, две недели одлагање ништо не прави кога се има зафати во избирачкиот законик, ако нема зафати врши работи, рече Костов во своето гостување.

Понатаму, тој во текот на своето гостување зборуваше за одложувањето на пописот и посочи дека според него во вакви услови кога во државата има најголем број на заразени, а до пред два дена немавме вакцини не е добро да се одржи пописот.

-Јас не ги делам луѓето на Македонци, Албанци или друга етничка група. Јас делам вака или имаме проценка тој Кризен штаб и Комисијата за заразни болести што значи во сред пандемија кога имаме најголем број на заразени, најголем број на починати, а немаме вакцини до пред два дена, а немаме вакцинирани до пред некоја недела, само здравствените работници и што значи да го одложиме. Ако водиме сметка за здрaвјето на граѓаните, ако водиме сметка за животот, јас мислам дека секое одлагање е добро. Треба да се увид кога е најдобро да има попис дали наесен, дали на крајот од годината. Јас мислам дека попис во време на пандемија не ни е потребно, кажа тој.

Најнови вести

Локални избори 2021