вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Костов: Ќе има промена на власта, ќе победи оној кој ќе понуди правда и силна економија

Костов: Ќе има промена на власта, ќе победи оној кој ќе понуди правда и силна економија

Политичкиот аналитичар Сотир Костов на денешното гостување во емисијата „Само Вистина ” на Канал 5 Телевизија изјави дека ќе има промена на власта и тоа е повеќе од очигледно, а ќе победи оној кој ќе понуди правда и подобра економска програма.

– Лично бидејќи тоа го работам 30тина година посакувам модерна, културна , добро спакувана политичка кампања, но имам некое претчуство дека нема да ми се оствари желбата, бидејќи веќе валканата кампања е почната. Но како и да е овојпат ќе мораме да внимаваме на политичките субјекти кои ќе предложат листи за да учествуваат на изборниот натпревар на 12 Април, но веќе неговото височество граѓанин, избирач веќе созреа и осеќа кога, кому да му даде или кога кому да му одземе власт и суверенитет, но ќе има промена на власта-истакна Костов.

Тој нагласи дека ќе има промена на власта но во колкава мера и каков состав ќе треба да се почека да се видат првите платформи и програми со кои ќе се настапи на изборите.

– Јас веќе препознав едно четири принципи , баш првиот нивни принцип е принципи па е промени па обнова правда а сето тоа еднакво на победа. За почеток се одлични, другите се хаотични сеуште се бават со ЕУ што е нормално се бават со датум се бават со закон за јавно обвинителство и не можам да препознаам нешто во пред кампања, нешто ми се бледи, таа метлата не заигра добро кај нив и сега што чув дека наводно ќе одат со нови луѓе зборувам сега за СДСМ и тоа наводно ќе било на интервју, конкурирање малку некој терк чуден , кампања што не сум ја сретнал јас- Констатираше Костов.

Во понатомошното интервју аналитичарот Костов истакна дека за власта најгорливиот проблем за изборите би било тоа што економски реформи не постоеле, инвестиции немало, а имало премногу партиски вработувања и според него најважното што гласачите нема да им опростат на власта што ја изиграле референдумската вољја.

-Гласачите ќе ценат и одлучуваат кој ќе даде подобра економска понуда за преродба обнова бидејќи факт е дека имаме стагнација на економски план, кој ќе покаже дека ќе се вратаат инвестициите и домашни и странски и кој ќе создава работни места за децата да не ни бегаат во странство иако и тоа е глобален тренд- заклучи Костов.

Коронавирус