вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 83
home Вести

Костов: Длабоко сме западнати во општествена аномија/ беззаконие и пресметки на забеганите елити

Костов: Длабоко сме западнати во општествена аномија/ беззаконие и пресметки на забеганите елити

Сотир Костов политичкиот аналитич вечерва во Алфа телевизија посочи дека македонското општество е западнато во општествена аномија или беззаконие во пресметката на забеганите елити.

-Ние длабоко сме западнати во општествена аномија или беззаконие, пред година и половина напишав две колумни каде претставив пресметка на забегани елити, бизнис елита, политичка елита, криминална односно мафијата и правосудна елита, кои се поврзани и измешани, од снимките видовме дека политичарите зборат со криминалци, тоа е пресметка на елитите, тоа е кој да се спаси од криминалот кој 30 години се прави во државата, вели Костов

-Крајно време е да се постави прашањето каде оди македонската правда? – праша Костов.

Костов посочи дека нам не ни треба Јавно обвинителство кое е шарено како што го води обвинителката Рускоска, како и тоа дека нам не ни треба судство Кацарска, па рече дека е нејасно како може еден судија да ги суди сите македонски патриоти.

Денешниот случај со доделување на казни на премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче и министерот Љупчо Николовски, Костов рече дека е формализам и навреда на интелигенцијата на народот, а не почитување на законите.

Коронавирус