среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Костов: Бугарија со блокадата на Македонија и наштетува на ЕУ и го уништува вредносниот систем

Костов: Бугарија со блокадата на Македонија и наштетува на ЕУ и го уништува вредносниот систем

Македонија и Македонците се македонзимот. Македонизмот никого не повредил. Бугарите во суштина ја сакаат нашата историја, го сакаат македонското. Бугарската политичка хиена сега ни доаѓа во дворот и рже. Посакувам да почнеме разговори за ЕУ, но тоа до сега требаше да биде јасно, а не како што е сега да слушаме само за блокади од Бугарија, рече аналитичарот Сотир Костов на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.

Според него Бугарија направи да се влоши состојбата во контекст на односите со Македонија.

-Бугарите и наштетија на ЕУ. Не е европска вредност во 21 век да уценуваш, фалсификуваш, манипулираш и да сакаш после да им ја земеш и културата, јазикот или се што сме направиле низ векови. И што направи Бугарија сега, не обедини, никогаш не сме били пообединети. Тие не сакајќи не обединија, ама ја разединија ЕУ, вредносниот систем на ЕУ пропаѓа, рече Костов.

Костов категорично укажа дека не може никако да стане збор за заедничка историја на Македонија и Бугарија.

-Единствено нешто што може е да споделиме светли датуми за едни или други, заедничко нема тука, има само споделено. И тоа би го направиле за да покажеме дека ние сме цивилизиарни европејци, рече Костов.
На кристално јасни ставови на Македонија, додаде Костов, дека Македонија не посега по ништо од Бугарија, јасно е дека Бугарија е на потег.

Најнови вести

Коронавирус