недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 90
home Вести

Костадиновски: Граѓаните јасно и гласно кажаа НЕ на распродажбата на националните интереси за сметка на политичката кариера на Заев и Димитров

Костадиновски: Граѓаните јасно и гласно кажаа НЕ на распродажбата на националните интереси за сметка на политичката кариера на Заев и Димитров

Во неделата, граѓаните на Општина Виница покажаа висока демократска и патриотска свест со тоа што не го поддржаа договорот од Нивици за промена на уставното име на Република Македонија, на идентитетот, историјата и традицијата. Јасно и гласно кажаа НЕ на распродажбата на националните интереси за сметка на политичката кариера на Зоран Заев и Никола Димитров, истакна Митко Костадиновски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница.

-СДСМ во Виница за не цела една година изгуби речиси 2.000 гласови. Излезеноста од само 24% или 3.629 гласови ЗА, во споредба со 5.570 гласови кои СДСМ во Виница ги имаше на локалните избори минатата година се јасен сигнал дека ја губат поддршката кај народот. Неисполнетите ветувања од типот намалување на водата и другите комунални давачки во 30%, реализацијата на капиталните расходи на Буџетот на Општина Виница за првите 6 месеци е само од 10%, и тоа што ниту еден капитален проект од изборната програма на градоначалникот Ивица Димитров не е започнат. Криминалните тендери, иновации и афери на дневна основа на централната власт, како и нереалните ветувања до 500 евра плата, 200 километри автопати, 100.000 плата на докторите, и уште многу други се само дел од причините при кои ја изгубија довербата кај граѓаните на Општина Виница, рече Костадиновски и додаде:

„Довербата кај граѓаните не може да ја добиете со притисок врз администрацијата, и притисок врз стопанството и приватниот сектор. Довербата се стекнува со исполнување на ветеното пред избори, и одговорно домаќинско работење. Но во матрицата на делување на СДСМ се длабоко вградени лагите, манипулациите, и националното предавство кои се нивно обележје кога и да дојдат на власт“.

Коронавирус