понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home Вести

Костадинов живее во паралелен свет каде што Македонија има вакцини и македонските граѓани не се вакцинираат во Србија

Костадинов живее во паралелен свет каде што Македонија има вакцини и македонските граѓани не се вакцинираат во Србија

Костадин Костадинов вечерва во емисијата „Само вистина“ се обиде граѓаните да ги изманипулира со своите изјави околу вакцините против КОВИД-19. Костадинов најави дека пристигаат 8.000 вакцини од Србија, но се уште не се на повидок.

Нагласи дека македонски граѓани не се вакцинираат во Србија, но секој ден по медиумите излегуваат граѓани со сведоштва дека се вакцинираат во соседната држава. Дури излезе податок дека до денес околу 70-тина граѓани од Македонија се вакцинирале во Србија.

„Ние не можеме да ја прогнозираме политиката на фармацевските кои што ќе ја пронајдат вакцината и која што ќе биде истата одобрена од СЗО. Ние мора да се адаптираме. Се што е одобрено од СЗО е прифатливо за нас, и како што реков го користиме и КОВАКС системот, во кое што се 170 земји членки, ја користиме и помошта секако од соседна Србија, овде влегуваат тие 8.000 вакцини, апсолутно соработуваме со кинески компании и секако би соработувале и руски компании“, нагласи Костадин Костадинов во „Само вистина“.

Костадинов на тоа дека македонски граѓани се вакцинираат во Србија рече дека тоа не е точно. Државниот секретар за здравство на Србија има истакнато дека се вакцинираат само граѓани со постојано живеалиште во Србија.

„Во време на епидемија целиот свет, цела Европа работи на принципот на кооперација, а не на принципот на натпревар на нешто што се случува кај нас“, нагласи Костадинов.

Коронавирус