вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 160
home Вести

Коста Петров си ги искршил двете раце додека возел велосипед

Коста Петров си ги искршил двете раце додека возел велосипед

Koста Петров, директор на Фондот за иновации и технолошки развој во саботата додека возел велосипед си ги искршил двете раце. Тие сега му се во гипс.

Тој вели дека сега се чувствува подобро, и дека му следува период на рехабилитација.

Петров денеска на својот фејсбук профил објави фотографија со двајцата доктори кои најмногу му помогнале во тешките моменти, д-р Александар Трајановски и д-р Александар Савески, до кои изрази голема благодарност, исто како и до сите кои му помогнале кога ја доживеал несреќата.

– Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце. Голема благодарност до сите што ми помогнаа на Кеј и чекаа со мене додека дојде брзата помош, особено Перо Камиказа.

Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до Др. Александар Трајановски и Др. Александар Савески, за грижата и посветеноста. Сега следува период на рехабилитација и одмор, а за неколку недели продолжуваме со уште по забрзано темпо“, напиша Петров на својот фејсбук профил.

Коронавирус