вторник, 9. март 2021. Вести денес: 9
home Вести

Коста Петров призна кривично дело- се рекламирал со државни пари на портали и медиуми (ВИДЕО)

Коста Петров призна кривично дело- се рекламирал со државни пари на портали и медиуми (ВИДЕО)

Потпретседателот на СДСМ и Директор на Фондот за иновации, Коста Петров во гостување на 24 Телевизија призна кривично дело- се рекламирал со државни пари на портали и медиуми.

На прашањето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димса Арсовски дали е свесен дека со ова е направено кривично дело, Петров призна, па се извини.

Арсовски се огласи на Фејсбук и вели дека очекува Петров да си даде оставка веднаш, а ЈО да покрене случај за ова.

-Кратко и јасно, Потпретседателот на СДСМ и Директор на Фондот за иновации, јавно без грам совест пред цела јавност на национален медиум ПРИЗНА КРИВИЧНО ДЕЛО И МИ РЕЧЕ “ИЗВИНИ”.
Повторувам, ПРИЗНА КРИВИЧНО ДЕЛО.
Оттука, очекувам Јавното обвинителство да покрене случај, а Коста Петров да си даде оставка уште веднаш.
Прво не ги знае законите, второ овластувањата, трето не знам што бара таму.
За дообјаснување на директорот, за ова негово “извини” Член 353-В / Став 2 и 3 вели дека е член каде со вакво јавно признание се оди во затвор од половина до 5 години, односно од 1 до 10 години, зависно од штетата што ја причинил. А тоа, утре ќе видиме, напиша Арсовски.

Коронавирус