понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Косовскиот амбасадор во затворска посета на Томор Морина

Косовскиот амбасадор во затворска посета на Томор Морина

Амбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, го посети притворениот косовски државјанин, Томор Морина, во затворското одделение во Шутка. Како што пренесе Дедај, Морина се чувствува добро и не се жали на ништо.

Досега во негова посета биле и некои негови роднини. Томор Морина беше уапсен пред десетина дена на граничниот премин, Блаце, од страна на македонската полиција, а по потерница од Интерпол. Него го бараат властите во Србија заради воени злосторства во Косово.

Во меѓувреме се чека одлука од Кривичниот суд и Министерството за правда, дали Морина ќе ѝ биде испорачан на Србија.

Коронавирус