вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

 Косово му покажува на Заев што е држава

 Косово му покажува на Заев што е држава

Косово како млада држава покажува како впрочем треба да функционира една држава и нејзините институции. Република Македонија под водство на Заев имаат многу што да научат од реакцијата и ставот на Косово на барањата на Србија да учествува во истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ.

Спротивно на Косово, Заев официјално се согласи на мегународна истрага и учество на Косово во повторна истрага околу случајот со терористичкиот напад во кумановско „Диво Насеље“.

Имено, Приштина не го одобри барањето на Белград за вклучување на српските истражни органи во истрагата за убиството на косовскиот србин Оливер Ивановиќ, додека српските власта го оценија таквиот став на Косово неприфатлив.

Рамуш Харадинај пак изјави дека УНМИК и ЕУЛЕКС не се надлежни да ја одобрат истрагата на српските институции.

„ Само косовските институции се надлежни да дадат дозвола.“ – рече Харадинај, со што јасно става до знаење дека нема учество на Србија во истррагата.

Овој став на Харадинај го надополни и Тахири, министер за правда на Косово, кој во однос на случај рече: – Во никој случај не сакаме мешање во истрагата од ниедна друга институција. Ние ќе примаме информации од Србија кои водат кон пронаоѓање, но нема да дозволиме нејзино мешање во истрагата.

За разлика од Харадинај и косовските политичари Заев незнае или не сака да ја брани државата и нејзиниот интегритет и суверенитет. Имено со сите акти на мегународното право државите имаат суверенитет над својата територија и ја спроведуваат власта над истата без мешање на други држави.

Имено Заев токму од Косово на средба помеѓу него и Харадинај рече:

„Тоа прашање не треба да биде пречка во нашите односи. Таму имаше убиени неколку полицајци и ќе има меѓународна истрага за да се дојде до вистината“

Харадинај во врска со истиот случај, кога секако се работи за косовскиот интерес ќе рече:

„Со зголемено внимание го пратев процесот по трагичните случувања во Куманово во мај 2015 година и казните што се изречени од судот во Скопје. Правдата треба да дојде на свое место, тргнувајќи од целосно расветлување на случувањето и сите негови димензии. Меѓународната истрага би помогнала за целосно расветлување на вистината за која се залагаме сите”.

Деновиве Македонија, а и Заев може да учи од Косово. Дали мегународното право ќе се практикува на еден начин во Косово, на друг во Македонија и тоа не по вина не некој од надвор, туку по вина на нас самите и нашата власт останува да видиме.

Локални избори 2021