понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 136
home Вести

Корумпираноста на власта на Заев, потврдена и од меѓународни фондации

Корумпираноста на власта на Заев, потврдена  и од меѓународни фондации

Една од забелешките во извештајот на Американската фондацијата Херитиџ каде што се наоѓаме на 41 место а бевме на 33 е затоа што владата трошела јавни финансии за социјални трансфери каде постои сомнеж за корупција. Резултатот за економска слобода на Македонија е 69,5, што е пад за неколку места на Македонија за 2020 година.

Во изминатиот период во неколку наврати Македонија доби опемена во однос на широко распространета корупција во државата и тоа од неколку меѓународни институции, невладини и амбасадори.

Уште една потврда од фондацијата Херитиџ за постоењето на поткуп од страна на власта предводена од Зоран Заев со картички, и служење со притисоци, закани, уцени. Во извештајот стои дека потпирањето на владата на високи нивоа на јавни расходи за финансирање на проекти за јавна инфраструктура и поддршка на социјални програми во блиското минато, ги депресирал перформансите и индикаторите за трошење на владата.

„Ограничена судска независност, политизација на судскиот орган за надзор и несоодветно финансирање на судството се постојани проблеми. Корупцијата останува сериозен проблем, а владините службеници, наводно, вршат коруптивни дела неказнето”, стои извештајот на фондација Херитиџ.

„За постигнување на целта потребно е охрабрување во промовирање на странски директни инвестиции во извозно-ориентирана индустрија, со што ќе се направи обид за намалување корупцијата”, стои во извештајот.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз на Фејсбук напиша дека корупцијата ги загрозува меѓусебната доверба едни во други, во Владата, во правдата и економијата.

Македонија го дели 111-тото место на рангирањето за Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година на Транспаренси интернешнл заедно со БиХ, Монголија и Панама, што е најлошо рангирање од 2001 година откога земјава првпат беше ставена на ранг-листата. Во однос на рангирањето од 2019 година, бележиме пад од пет места иако имаме ист број индексни поени.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија